Карактеристики на полнење |
Џебното пружирање се приспособвува кон телото точкасто. Пружините не се поврзани, секоја од нив е вложена во вреќичка од текстилни влакна и функционира независно. Секоја оптоварена пружина одговара на притисокот на телото, додека другите пружини мируваат. Пружините во џебови реагираат на секоја најмала промена и распределба на тежината по површината за лежење, во зависност од формата на телото и положбата за спиење. Џебното пружирање овозможува оптимална потпора на телото, истовремено нуди и исклучително удопство; го потпира телото по целата должина и широчина и му овозможува на `рбетот да биде во правилна положба што предизвикува отпуштање на мускулатурата, спиењето е спокојно, а телото помалку се поместува.
Јадрото SoftTouchTM овозможува посебна комбинација на одговори, на удобност и на потпора. Заради посебната геометрија на пружините, на прв допир се чини дека постелата е многу мека, но кога по постелата ќе се распореди тежината на телото, таа станува потврда и нуди соодветна потпора. Горниот и долниот дел на пружините, каде што навоите се погусти, овозможуваат удобност, додека средниот дел на пружината нуди потпора. Системот за составување на пружините во џебовите Hi∙LowTM овозможува различни можности за комбинирање на повисоки и пониски пружини. Системот на шаховска табла е комбинација на пружини високи 15 cm и 13 cm. Овозможува активно приспособување кон телото, зашто пружините реагираат и на најмалото поместување на телото. Висинската разлика пак овозможува удобност и проветрување, додека средниот дел му ја нуди на телото потребната потпора.
Душеците за двајца може да бидат широки 160, 180 или 200 cm и во нив се вградени пружини со различна тврдина. Тие им се наменети на партнери чија телесна маса е многу различна. На едниот му одговара помека, на другиот потврда постела. За партнерски душек може да се определите кај моделите Динамик, Оаза и Перла, притоа е неопходно да имате предвид дека со таквите душеци потешко се ракува отколку со два одделни душека.
Класичнoто пружирање Bonell е направено од пружини што заемно се поврзани со спирална жица. Душекот со вградено Bonell јадро се приспособува кон телото, а го чувствуваме како потврд душек. Навојот на врвот и на долниот дел на пружините е поширок отколку во средината. Јадрото е големо 200 x 90 cm и, обично, е составено од 22 реда по 8 пружини. Пречникот на жицата е 2,2 mm. Технологијата за изработка на јадрата Bonell е поедноставна и поевтина од изработката на џебните јадра, затоа душеците со јадра Bonell се поевтини.
Душеците од пена се разликуваат според типот на пената и според бројот на зоните. Основната пена што се употребува и во постелите од пена и во постелите со џебно пружирање и кај класичното пружирање е полиуретанската пена, но со различна тврдост, во зависност од употребата. По рабовите, обично, е потврда отколку кај површината за лежење.
Латексот што го вградуваме во нашите производи е комбинација од природен (20 %) и синтетички (80 %) латекс и има европски знак за околина – eco label. Овој материјал има долг век на траење, многу е елaстичен и одлично дише. Исклучително добро го потпира телото и има противбактериско дејство. Кон телото се приспособува во секоја негова точка. Душеците од латекс се мошне примерни за употреба врз движни подлоги. Овие душеци бараат почесто превртување од двете страни.
|