Производи
Карактеристики на полнење

Џебното пружирање се приспособвува кон телото точкасто. Пружините не се поврзани, секоја од нив е вложена во вреќичка од текстилни влакна и функционира независно. Секоја оптоварена пружина одговара на притисокот на телото, додека другите пружини мируваат. Пружините во џебови реагираат на секоја најмала промена и распределба на тежината по површината за лежење, во зависност од формата на телото и положбата за спиење.

Џебното пружирање овозможува оптимална потпора на телото, истовремено нуди и исклучително удопство; го потпира телото по целата должина и широчина и му овозможува на `рбетот да биде во правилна положба што предизвикува отпуштање на мускулатурата, спиењето е спокојно, а телото помалку се поместува.

 

Јадрото SoftTouchTM овозможува посебна комбинација на одговори, на удобност и на потпора. Заради посебната геометрија на пружините, на прв допир се чини дека постелата е многу мека, но кога по постелата ќе се распореди тежината на телото, таа станува потврда и нуди соодветна потпора. Горниот и долниот дел на пружините, каде што навоите се погусти, овозможуваат удобност, додека средниот дел на пружината нуди потпора.

Системот за составување на пружините во џебовите Hi∙LowTM овозможува различни можности за комбинирање на повисоки и пониски пружини. Системот на шаховска табла е комбинација на пружини високи 15 cm и 13 cm. Овозможува активно приспособување кон телото, зашто пружините реагираат и на најмалото поместување на телото. Висинската разлика пак овозможува удобност и проветрување, додека средниот дел му ја нуди на телото потребната потпора.

Душеците за двајца може да бидат широки 160, 180 или 200 cm и во нив се вградени пружини со различна тврдина. Тие им се наменети на партнери чија телесна маса е многу различна. На едниот му одговара помека, на другиот потврда постела. За партнерски душек може да се определите кај моделите Динамик, Оаза и Перла, притоа е неопходно да имате предвид дека со таквите душеци потешко се ракува отколку со два одделни душека.

Класичнoто пружирање Bonell е направено од пружини што заемно се поврзани со спирална жица. Душекот со вградено Bonell јадро се приспособува кон телото, а го чувствуваме како потврд душек. Навојот на врвот и на долниот дел на пружините е поширок отколку во средината. Јадрото е големо 200 x 90 cm и, обично, е составено од 22  реда по 8 пружини.  Пречникот на жицата е  2,2 mm. Технологијата за изработка на јадрата Bonell  е поедноставна и поевтина од изработката на џебните јадра, затоа душеците со јадра Bonell  се поевтини.

Душеците од пена се разликуваат според типот на пената и според бројот на зоните. Основната пена што се употребува и во постелите од пена и во постелите со џебно пружирање и кај класичното пружирање е полиуретанската пена, но со различна тврдост, во зависност од употребата. По рабовите, обично, е потврда отколку кај површината за лежење. HR-пена е понов материјал, што е многу поудобен, еластичен и траен поради начинот на изработка.  По состав е многу слична на природниот морски сунѓер. На допир HR-пената е многу мека и пријатна и му дава на телото сосем достатна потпора. Пената што памети се оформува според тежината и температурата на телото, таа го опфаќа телото и во најголема можна мера го намалува повратниот притисок на површината врз којашто лежиме. При лежење ни нуди рамномерна потпора и секогаш се враќа во својата почетна форма: `рбетот останува во правилна положба и физиолошки се израмнува дури и кога спиеме странично.

Латексот што го вградуваме во нашите производи е комбинација од природен (20 %) и синтетички (80 %) латекс и има европски знак за околина – eco label. Овој материјал има долг век на траење, многу е елaстичен и одлично дише. Исклучително добро го потпира телото и има противбактериско дејство. Кон телото се приспособува во секоја негова точка. Душеците од латекс се мошне примерни за употреба врз движни подлоги. Овие душеци бараат почесто превртување од двете страни.

 

 

 

 

 
Карактеристики на штоф

 
Табели со димензии